Достапни линкови

Пронајдени уште 3 тела од бродската несреќа во Волга


Оставени предмети во чест на жртвите

Оставени предмети во чест на жртвите

Денеска во водите на реката Волга се пронајдени тела на уште три жени, жртви на бродската несреќа, соопштија руските власти. Со последните тела, билансот на жртви е 117. Се уште не се пронајдени телата на останатите 5 жртви. Туристичкиот брод „Бугарија“ потона на 10 јуни на 3 километри од брегот, на длабочина од 20 метри, во руската република Татарстан. Бродот стар 56 години, немал дозвола за пловење. После несреќата се уапсени неколку сопственици на туристички агенции кои го изнајмиле бродот.
XS
SM
MD
LG