Достапни линкови

Норвешкиот напаѓач тврди дека дејствувал сам


осомничениот за нападите

осомничениот за нападите

Осомничениот за нападите во Норвешка во кои загинаа 92 луѓе, признал дека дејствувал сам, соопшти полицјата. Тој признал дека ги сторил и двата напада, и бомбашкиот на владините згради во Осло и нападот со пиштол на островот Утоја, но не признава кривична вина. Осомничениот Андерс Бехринг Бреивик се наоѓа во притвор. Иако тој тврди дека дејствувал сам, полицијата мора да провери се, велат властите. Некои од сведоците на нападот на островот, рекоа дека може биле и двајца напаѓачи. Од полицијата велат дека засега немаат друг осомничен за нападот. Петочните напади се сметаат за најголем масакр извршен во Норвешка по Втората светска војна.
Бреивик е осомничен за тероризам и се очекува утре да биде изведен пред суд. Тој се соочува со максимална канза од 21 години во затвор ако биде осуден.
XS
SM
MD
LG