Достапни линкови

Летонија-граѓаните гласаа за распуштање на парламентот


Гласач

Гласач

Резултатите од референдумот во Летонија покажуваат дека граѓаните се за распуштање на парламентот, кој не успеа да се избори со моќта на олигарсите. Централната изборна комисија соопшти дека резултатите покажале дека речиси 95 проценти од гласачите го поддржуваат разрешувањето на парламентот. Гласањето сега води кон предвремени избори во септември - помалку од една година откако се одржаа претходните избори во октомври 2010 година.
На вчерашниот референдум гласале помалку од 45 проценти од 1,5 милиони регистрирани гласачи во земјата. Референдумот го побара поранешниот претседател Валдис Затлерс, откако парламентот не сакаше да му го одземе мандатот на еден пратеник кој беше обвинет за корупција. Во земјата постои загриженоста дека богатите бизнисмени, имаат премногу влијание во Летонија поради лични и деловни врски со пратениците, или поради тоа што се избрани во парламентот. Земјата се бори да излезе од длабоката рецесија што доведе до економски пад на производството од скоро една четвртина во изминатите три години, и до невработеност од речиси 25 отсто.
XS
SM
MD
LG