Достапни линкови

logo-print

Ејми Вајнхаус влезе во озлогласениот„ клуб 27“


Медиумите посветија големо внимание на починатата британска пеачка Ејми Вајнхаус, која вчера беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Пеачката која имаше 27 години подолго време се бореше со зависноста од дрога и алхокол. Полицијата се уште не ја соопшти официјалната причина за смртта.
Не стивнуваат ни реакциите од колегите на Ејми. Американската пејачка звезда Тони Бенет, кој сними дует со нејзе, ја опиша како „уметник од висок ранг“.
Од американската музичка академија кои ги доделуваат наградите Греми, ја нарекоа Вајнхаус „динамичен музичар која беспрекорно помеша рок, џез, поп и соул и создаде сопствен звук .“
Вајнхаус освои пет Греми награди, меѓу кои и за најдобар нов изведувач и за албум на годината, за нејзиниот албум „Back to Black“
Со нејзината смрт, Вајнхаус се приклучи на групата на познати рок ѕвезди, кој почина на возраст од 27 години. Во озлогласениот „клуб 27“ се основачот на Ролинг Стоунс Брајан Џонс, гитаристот Џими Хендрикс, пеачката Џенис Џоплин, пејачот Џим Морисон, и фронтменот на Нирвана Курт Кобејн.
XS
SM
MD
LG