Достапни линкови

Во нападите во Норвешка учествувал и втор човек?


Најмалку 92 луѓе загинале во двата напади во Норвешка , соопшти полицијата. Според најновите податоци, 85 луѓе биле убиени кога вооружен напаѓач, отворил оган во младински камп, организиран од владејачката Лабуристичка партија. А претходно седум луѓе загинаа во експлозија во центарот на Осло. Полицијата се сомнева дека истиот човек ги извршил двата напада. Норвешка медиуми го соопштија името на осомничениот, според нив станува збор за Андерс Бехринг Бреивик Полицијата истражува дали во нападите учествувал уште еден човек. Норвешката државна новинска агенција јавува дека во вториот напад учествувале двајца луѓе.
XS
SM
MD
LG