Достапни линкови

ОБСЕ изразуваат жалење во писма упатени до Вељаноски


Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ

Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски добил писма од претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ и од генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, во кои искажуваат жалење поради тоа што тој навремено не бил информиран за писмото од оваа организација со кое од него барале да покрене иницијатива за законски измени во областа на медиумите, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Собранието.
Во соопштението од Кабинетот на Вељаноски, се наведува дека тој го добил писмото откако за неговата содржина претходно се запознал преку медиумите .
Поради некоректноста на претставникот за слободата на медиумите, претседателот на Собранието упатил остро укажување за непрофесионалниот чин до највисоките претставници на ОБСЕ во Виена, генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер и претседавачот на ОБСЕ Андрониус Жубалис, по што ги добил писмата со изразување жалење за настанатата ситуација.
XS
SM
MD
LG