Достапни линкови

logo-print

Египет-демонстрантите ќе продолжат со нивните протести


Жена околу вратот носи слика на луѓе, убиени за врем на револуцијата во Египет

Жена околу вратот носи слика на луѓе, убиени за врем на револуцијата во Египет

Египетските демонстранти ќе останат на плоштадот Тахрир се додека нивните барања во целост не бидат исполнети. Привремената власт во Египет го реконструираше кабинетот и вети дека ќе ги забрза судските процеси и политичките реформи. Но демонстрантите продолжуваат со нивните протести на централниот плоштад во Каиро,како и на другите плоштади низ целата земја со барања за повеќе слобода за цивилната власт, крај на воените судски процеси и поставување на временска рамка за завршување на барањата за реформи.
Воените власти во Египет кои ја водат државата, откако поранешниот претседател Мубарак беше соборен во февруари, ја обвинија групата „Шести април“ за обид да се внесе раздор меѓу луѓето и армијата. Демонстрантите во Египет се повеќе го насочуваат својот гнев кон воениот совет поради бавното темпо на реформите. Демонстраните на новиот кабинет гледаат како на обид за козметичко решение, затоа што заминаа само дел од министрите кои се поврзани со претходниот владетел Хосни Мубарак
XS
SM
MD
LG