Достапни линкови

Меркел е уверена дека Грција може да закрепне


Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германија ќе ја поддржува Грција, која се бори со својата должничка криза, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел. Таа ги повика германските компании да инвестираат во таа земја за да и помогнат да се избори со кризата. Меркел на прес-конференција еден ден откако лидерите на Европската унија и приватните кредитори договорија нов пакет помош за Грција вреден 159 милијади евра, истакна дека е уверена оти оваа држава може да закрепне. Таа ги поздрави напорите на грчкиот премиер Јоргос Папандреу за спроведување на реформи, вклучувајќи ги и мерките за штедење, кои имаат за цел да се намали големиот долг на Атина.
XS
SM
MD
LG