Достапни линкови

logo-print

Најмалку 91 жртва во нападите во Норвешка


Полицијата евакуира повредена жена од нападот на 22 јули

Полицијата евакуира повредена жена од нападот на 22 јули

Најмалку 91 човек загинале во двата напади во Норвешка , соопшти полицијата.
Според најновите податоци, 84 луѓе биле убиени кога вооружен напаѓач, отворил оган во младински камп, организиран од владејачката Лабуристичка партија. А претходно седум луѓе загинаа во експлозија во центарот на Осло. Полицијата се сомнева дека истиот човек ги извршил двата напада. Норвешка медиуми го соопштија името на осомничениот, според нив станува збор за Андерс Бехринг Бреивик , но полицијата одби да го потврди неговиот идентитет.
Сведоци на нападот на островот велат дека напаѓачот бил преправен како полицаец, кој повикал неколку луѓе за да зборува со нив, а потоа отворил оган.
Полицијата соопшти дека уапсиле осомничен за настанот, кого сега го испрашуваат . На неговиот домашен компјутер пронашле линкови кои укажуваат дека е „христијански фундаменталист" со десничарска наклонетост.
Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг, изјави дека постојат десничарски групи во земјата.
„Во споредба со другите земји, јас нема да кажам дека имаме големи проблеми со десничарски екстремисти во Норвешка, но сепак имаме некои десничарски екстремни групи“,изјави Премиерот.
Тој ја повика полицијата да утврди дали притворениот има врска со вчерашните напади.
XS
SM
MD
LG