Достапни линкови

Бомба во Осло, напад врз младински капм во Норвешка


Најмалку 7 луѓе загинале, а уште неколкумина биле повредени во денешната силна експлозија на бомба во центарот на Осло и во престрелката во еден младински камп на владејачката Лабуристичка партија во близина на Осло. Имено, напаѓач облечен во полициска униформа пукал врз млaдите во кампот, кои панично бегале. Според полицијата, двата напади се поврзани. Во центарот на Осло, покрај загинатите и повредените, е причинета и голема материјална штета од експлозијата пред зградата на владата. Полицијата ги повика граѓаните да не излегуваат на улиците. Засега никој не ја презел одгоговорноста за нападите.
XS
SM
MD
LG