Достапни линкови

Експлозија на бомба во центарот на Осло, напад врз млади во камп


Осло 22.07.2011

Осло 22.07.2011

Најмалку 7 луѓе загинале, а уште неколкумина биле повредени во денешната силна експлозија на бомба во центарот на Осло и во престрелката во еден младински камп на владејачката Лабуристичка партија во близина на Осло.

Од експлозијата биле искршени прозорците и оштетени и владините и околните згради, а од една од нив излегувал густ чад. Норвешката агенција НТБ јави дека премиерот Јенс Столтенберг не е повреден.

„Можам да потврдам дека премиерот е безбеден. Тој не беше во
Можам да потврдам дека премиерот е безбеден. Тој не беше во канцеларија, но сега работи.

канцеларија, но сега работи“, изјави државниот секретар Ханс Кристијан Амундсен.

Полицијата потврди дека станува збор за експлозија на бомба и оти има загинати и повредени луѓе.

Во моментот на експлозијата во центарот на Осло настанала паника, а луѓето мислеле дека станува збор за земјотрес. Целата област била евакуирана, а полицијата апелира до граѓаните да го избегнуваат центарот на градот и да се воздржат од користење на мобилните телефони.

Покрај загинатите и повредените, во центарот на Осло е причинета и голема материјална штета. Полицијата ги повика граѓаните да не излегуваат на улиците. Засега никој не ја презеде одгоговорноста за нападите.

Кратко по експлозијата, напаѓач, облечен во полициска униформа пукал врз младите кои панично бегале во еден камп во близина на Осло.

Полицијата смета дека овие два напади се поврзани.

XS
SM
MD
LG