Достапни линкови

Хашкиот бегалец Хаџиќ пристигна во Холандија


Хашкиот бегалец Горан Хаџиќ пристигна во Холандија. Тој денеска беше екстрадиран од Србија во Хашкиот трибунал каде ќе му се суди за воени злосторства во војната во Хрватска во 90 тите години.
Српскиот министер за Правда Снежана Маловиќ изјави дека Хаџиќ е испратене со авион откако властите му дозволиле да ја посети болната мајка и семејството во Нови Сад.
Тој се соочува со 14 обвиненија меѓу кои и за масакр на 200 хрватски затвореници во Вуковар.
XS
SM
MD
LG