Достапни линкови

Милошоски: немаме против зголемениот интерес на САД за името


Македонија нема ништо против зголемување на интересот на САД во однос на македонско-грчките разговори, изјави денеска претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, кој до изборот на новата Влада е и министер за надворешни работи.
Тоа е неговиот коментар на изјавата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон дадена пред завршувањето на нејзината посета на Атина дека постојат шанси за решавање на спорот за името на Македонија, кој ги оптоварува односите меѓу Скопје и Атина.
XS
SM
MD
LG