Достапни линкови

logo-print

Тирк - ЕУ нема да дозволи црни дупки на Балканот


Претседателот на Словенија Данило Тирк

Претседателот на Словенија Данило Тирк

Словенечкиот претседател Данило Тирк изјави дека за десет години сите земји од Балканот ќе бидат членки на Европската унија. Според Тирк европската перспектива на Србија е зајакната по апсењето на последниот хашки бегалец, Горан Хаџиќ и дека во текот на оваа година ќе добие статус на кандидат за членство во ЕУ и можеби датум за почеток на преговори. Тој потсети дека Црна Гора, која доби статус на кандидат во декември, се очекува во Унијата да влезе во 2015 или 2016 година. „Босна има внатрешни проблеми, но доколку сите околу неа влезат во ЕУ и тоа неминовно ќе има позитивно влијание и врз БиХ. Истото важи и за Македонија“, додаде Тирк.
XS
SM
MD
LG