Достапни линкови

logo-print

Ефекти од грчката криза


Кризата во соседна Грција ќе има ефекти врз македонската економија, сметаат дел од економистите.

Во поглед на инвестциите, мора да се има предвид дека грчките компании кај нас се врзани со извозот и тука може да се согледа ефектот. Магистер Борче Треновски од Економскиот факултет објаснува:
Извозот од Македонија кон Грција, најголем дел, односно значаен дел е креиран и од самите грчки компании, значи грчки компании купуваат наши, македонски компании како што беа Мермерен комбинат „Прилеп“, „Окта“ итн, и тие извезуваат самите, значи произведуваат во Македонија и го извезуваат тоа во Грција.

„Грчките инвестиции во Македонија, односно извозот од Македонија кон Грција, најголем дел, односно значаен дел е креиран и од самите грчки компании, значи грчки компании купуваат наши, македонски компании како што беа Мермерен комбинат „Прилеп“, „Окта“ итн, и тие извезуваат самите, значи произведуваат во Македонија и го извезуваат тоа во Грција, значи тоа се истите компании. Значи може да има дупол ефект и врз компаниите ако се наруши нивната стабилност во Грција, не само извозот, туку би се нарушила и стабилноста на компаниите кои се наоѓаат во Македонија. Тоа е синџир кој треба да се има во предвид при анализа на целата ситуација.“

Доколку се влоши ситуацијата можен е удар врз извозот, посебно имајќи предвид дека Грција е еден од најголемите трговски партнери на Македонија, смета Треновски и појаснува:

Знамињата на Македонија и Грција. Автор: http://www.crossed-flag-pins.com

„Важно е да кажеме дека ќе имаме голем удар, посебно железото и челикот, текстилот, тутунот итн, значи во тие неколку сектори на кои што е концентриран нашиот извоз ќе имаме удар доколку се влоши ситуацијата и доколку се намали побарувачката.“

Треба да се очекува и намален прилив на свеж капитал од грчките компании, имајќи предвид дека тие се наоѓаат во незавидна состојба, вели Треновски. Но, дали е можен одлив на веќе постоечките инвестиции?

„Не би требало да се очекува некое позначајно повлекување на големите грчки инвестиции во Македонија од причина што најголемиот дел од
Важно е да кажеме дека ќе имаме голем удар, посебно железото и челикот, текстилот, тутунот итн, значи во тие неколку сектори на кои што е концентриран нашиот извоз ќе имаме удар доколку се влоши ситуацијата и доколку се намали побарувачката.
инвестициите се компании кои се во монополска положба. Значи тие инвестиции како „Окта“ и некои други, се монополи во Македонија и остваруваат големи профити и сигурно не би било логично и би било лудо Грците да ги повлекуваат тие инвестиции од Македонија.“

Грчката криза може да претставува и шанса за Македонија во поглед на привлекување на инвестиции, смета извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.

„Тука пред се мислам на одредени мали и средни претпријатија кои имаат зголемени трошоци на работење во Грција, а одредени поволности постојат во Македонија, така што сметаме дека тоа е добра шанса за нив и дека ќе пристапат кон алоцирање на нивното производство и бизниси во нашата земја, тука ние сме доста конкурентни, а плус имаме и големи предности споредено со нашите соседи пред се Бугарија, Србија, Косово и Албанија.“

Според неофицијални проценки, Грција учествува со најмалку 15 проценти од странските инвестиции во земјава.
XS
SM
MD
LG