Достапни линкови

Спас за Грција, спас за еврото


Засега е избегнато ширењето на финансиската криза од Грција кон другите земји од евро-зоната. Вклучен и приватниот сектор.

Лидерите на земјите од евро-зоната постигнаа согласност за вториот пакет финансиска помош за Грција, со што треба да се избегне ширењето на финансиската криза и во други земји од европската монетарна унија. Овој пат и приватни банки ќе учествуваат во спасувањето на Грција од
Покажавме дека нема да се колебаме во одбраната на нашата монетарна унија и заедничката валута.

банкрот.

Станува збор за 109 милијарди евра наменети за Грција од Меѓународниот монетарен фонд и од земјите на евро-зоната. Лидерите исто така донесоа одлука за зајакнување на фондот за спас на еврото, со кој треба да биде спречена идна финансиска нестабилност на евро-зоната. По ваквата одлука веднаш реагираа берзите со пораст на вредноста на еврото и благ раст на европските берзи. Претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпуј изјави:

„Покажавме дека нема да се колебаме во одбраната на нашата монетарна унија и заедничката валута.“

Дали овојпат ќе биде доволно?


Европската унија и Меѓународниот Монетарен Фонд лани во мај и одобрија на Грција тригодишен финансиски пакет од 110 милијарди евра, кој се покажа како недоволен. Овој пат, евро-лидерите обезбедија учество и на приватни инвеститори, како банки, осигурителни компании и инвестициски фондови, кои ќе вложат 37 милијарди евра, со што беше исполнет условот на Германија и на некои други земји дека целиот товар не може да падне врз даночните обврзници.

Претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо оцени дека вклучувањето на приватниот сектор е нова фаза во справувањето со
Ова е европски успех. Не станува збор само за спас на Грција, туку за европски одговор за иднината на Европа.

кризата.

„Најнапред, мислам дека за прв пат од почетокот на кризата, можеме да кажеме дека политиката и пазарот се заедно.“

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу оцени дека со овој пакет Грција повторно ќе застане на нозе.

„Ова е европски успех. Не станува збор само за спас на Грција, туку за европски одговор за иднината на Европа.“


Инволвираноста на приватниот сектор се однесува само на Грција, а не и на Ирска и Португалија кои исто така добија пакет финансиска помош. Но, на сите три земји им беа намалени каматите на кредитите, од досегашните 4,5 на 3,5 насто, како и продолжен рокот на отплата. Претседателот на Европската Централна Банка, Жан Клод Трише изјави:

„Грција е апсолутно исклучителна ситуација која бара уникатно решение, а сите земји од евро-зоната ја реафирмираа солидарноста.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG