Достапни линкови

Производителите на пченица не ја прифаќаат моменталната откупна цена од 13 денари за килограм, која според нив е прениска и не им ги покрива трошоците.

Производителите на пченица и мелничарите се уште не најдоа заеднички јазик за откупната цена на пченицата. Како и секоја година, така и оваа за производителите цената е многу ниска, а за овластените откупувачи превисока. Стевче Атанасовски од битолско се жали дека моменталната цена од 13 денари по килограм пченица е потценувачка, а трошоците за
Производителите на жито, посебно пченица, јачмен, ’рж се најсиромашните земјоделци бидејќи имаат најмал приход и тие сега се свесни дека поради заеми, кредити итн, сакале-не сакале ќе мора да ја предадат пченицата.

производство - големи.

„Производителите на жито, посебно пченица, јачмен, ’рж се најсиромашните земјоделци бидејќи имаат најмал приход и тие сега се свесни дека поради заеми, кредити итн, сакале-не сакале ќе мора да ја предадат пченицата.“

За мелничарите, пак, цената била најмал проблем. Претседателот на Здружението на мелничари, Благој Стојчев, вели дека цената е реална, а проблем била сивата економија, односно како што ги нарекува дивите купувачи на пазарот.

„Производителите сакаат да ја даваат на диво, земаат 13 денари и камионите од цела Македонија одат на нива и на рака им даваат пари. Тоа значи дека производителот не сака да плаќа данок на приход.“


Стојчев бара од земјоделците да се вразумат и да ја прифатат понудената цена. Земјоделците пак се закануваат со чување на пченицата во амбарите. Велат дека ќе чекаат поволен момент, кога пченицата ќе ја продадат по повисока цена, а стоа заработката ќе биде поголема.

„Минатата година останаа 17 тона, тие 17 тона пред Нова година по 19,5 денари ги продадовме“, изјави Атанасовски.

Двете засегнати страни неколку пати досега беа повикани на разговори во Министертвото за земјоделство. Ресорниот министер побарал од нив да се договорат. Љупчо Димовски неодамна изјави дека годинава ќе има за 10 пати поголем принос на пченица од минатата година, зошто се применуваат современи агротехнички мерки во производството на оваа житна култура.
Производителите сакаат да ја даваат на диво, земаат 13 денари и камионите од цела Македонија одат на нива и на рака им даваат пари. Тоа значи дека производителот не сака да плаќа данок на приход.

Упатените во оваа област пак велат дека земјава нема услови за одгледување на пченицата и можност за покривање на потребите во целата земја. Професорот Борис Анакиев вели дека увозот на пченица од соседството и годинава нема да изостане.

„Македонија не може да обезбеди покривање на своите залихи. Треба да сее многу обемни површини, да ризикува, таа голема површина во првиот период треба да произведува со загуба пченица, а зошто да произведува пченица со загуба кога ние имаме услови да произведуваме многу други производи, овоштарство, лозарство, тутун.“

Практиката производителите да ја чуваат пченицата додека не достигне подобра цена, Ананиев вели дека е сосема разбирлива во пазарното општество. Секако, ризикот за тоа колку ќе профитирате од тој чекор, постои, вели Анакиев. Дел од произведената пченица е веќе откупена од државата, а дел од неа се наоѓа во силосите на Агроберзата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG