Достапни линкови

Сомалијските бунтовници демантираат дека владее глад во земјата


Сомалијските бунтовници одбија да ја укинат забраната за западните хуманитарни агенции и соопштија дека извештаите оти во јужна Сомалија владее глад биле пропаганда. Ал Шабаб бунтовниците, сојузници на Ал Каеда, уште во 2009-та година го забранија влезот на хуманитарни работници на териториите под нивна контрола, но повремено дозволуваат пристап. Деновиве, Обединетите нации соопштија дека во два региони во јужна Сомалија владее глад по најлошата суша во последниве 50 години.
XS
SM
MD
LG