Достапни линкови

Клинтон го повикува Мјанмар да спроведе политички реформи


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ги повика властите во Мјанмар да ги ослободат политичките затвореници, да превземат мерки за примена на забраната за ширење на нуклеарно оружје и да започнат дијалог со про-демократскиот лидер Аунг Су. Говорејки на безбедносниот форум на АСЕАН, кој се одржува на Бали, Клинтон изјави дека постои се поголема згриженост дека Мјанмар тргува со нуклеарни материјали со Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG