Достапни линкови

Иванов на средба со потенцијални политичари


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска во вилата Билјана во Охри д ќе се сретне со лидерите на младинските организации на политичките партии. Во соопштениеото од кабинетот е наведено дека целта на средбата е да се разменат мислења и ставови околу текот на предизборната кампања и предизвиците со кои младите политички активисти се соочиле во изборниот процес, но и за нивните планови, визии и иницијативи за иднината на Македонија.
XS
SM
MD
LG