Достапни линкови

Гадафи нема да преговара со бунтовниците


Либискиот лидер Моамер Гадафи ги отфрли предлозите за разговори „до Судниот Ден “ со бунтовниците кои се обидуваат да стават крај на неговото 41 годишното владење . Ваквата аудио порака на Гадафи беше емитувана на собир пред илјадници луѓе во неговиот роден град Сирт. Во средата Франција соопшти дека Гадафи може да остане Либија доколку се откаже од моќта. САД смета дека Гадафи мора да се откаже од власта но народот во Либија треба да одлучи дали тој може да остане во земјата по тоа. Африканската Унија предложи преговори за ставање крај на борбите.
XS
SM
MD
LG