Достапни линкови

Анонимуси го хакнаа НАТО, нов Викиликс на повидок?


Група хакери таканаречени Анонимуси ( Anonimus) објавија денеска дека ја пробиле безбедноста блокада на НАТО и дошле до голема количина на тајни документи на алијансата.
Хакерите во нивното соопштение навеле дека би било неодговорно да се објавуваат поголем дел до документите, но истакнуваат дека располагаат со еден гигабајт од податоци. Анонимуси за сега објавиле само еден PDF документ на социјалната мрежа Твитер на кој пишува дека е од доверлив карактер со датум од 2007 година.
НАТО соопшти дека алијансата знае дека хакери објавиле документ за кој тврдат дека е во сопстевност на НАТО, па стручни лица ги истражуваат наводите. НАТО остро осудува какво било објавување на доверливи документи со кои може да се наруши бебзбедноста на некој од сојузниците, е наведено во соопштението на алијансата.
Анонимуси се група хакери кои го поддржуваат Викиликс.
XS
SM
MD
LG