Достапни линкови

Тадиќ: Ембаргото од страна на Приштина е непријателски гест


Српскиот претседател Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска изјави дека одлуката на администрацијата во Приштина да воведе санкции, односно ембарго на српската стока, е непријателски гест и провокација, но дека Белград нема да возврати со било каква контра мерка. Ваквата одлука е неморална, апсурдна и спротивна на основните европски вредности, изјави Тадиќ. Владата на Косово вчера одлучи на основа на реципроцитет да воспостави ембарго на увоз на стока од Србија. Тоа е затоа што Србија не го признава печатот на косовската царина а тоа оневозможува извоз од Косово во Србија, соопштија од владата во Приштина
XS
SM
MD
LG