Достапни линкови

logo-print

Таџикистан-5 години казна за организатори на протести


Претседателот Емомали Рамон

Претседателот Емомали Рамон

Парламентот на Таџикистан денеска усвои закон со кој организаторите на протести ќе се казнуваат со казна затвор од 5 години. На денешната одлука се гледа како на одговор на се почестите најави за протести на населението кое се соочува со зголемени цени за храната и на горивото. Досега законот предвидуваше парична казна или затвор од 15 дена за организаторите и за учесниците.
За да стапи на сила Законот мора да го потпише претседател Емомали Рамон. Во најновиот извештај за човекови права на Стејт департмент, Таџикистан е опишан како авторитарна држава со ограничен политички плурализам.
XS
SM
MD
LG