Достапни линкови

ЕУ дебатира за отпишување на дел од долгот на Грција


Грција стана платежно неспособна и дел од нејзиниот долг треба да биде отпишан, изјави денеска британскиот министер за извоз, иновации и професионална обука, Винсент Кејбл. Неговата изјава доаѓа во момент кога во Брисел се одржува вонреден самит на лидерите од еврозоната, посветен на донесување одлука за втор спасувачки план за Грција.

Синоќа по неколкучасовни преговори германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози постигнаа заеднички став, земјите да отпишат дел од долгот на Грција , а во тоа да учествува и приватниот банкарски сектор, кој ќе треба да откупи грчки обврзници со големи попусти на секундарниот пазар.
За оваа одлука добиле поддршка и од претседателот на Европската централна банка Жан-Клод Трише.

Инаку пред почетокот на денешниот самит Баросо оствари средба и со грчкиот премиер Јоргос Папандреу на кого му даде цврсти ветувања дека Европа ќе направи максимални напори да и помогне на Грција
XS
SM
MD
LG