Достапни линкови

Медиумскиот хаос на штета на владата


Од неодамнешните протести на новинарите.

Од неодамнешните протести на новинарите.

Владата ги премолчува реакциите на загриженост на САД, ОБСЕ и ЕУ за состојбата на медиумите во земјата.

Молкот на владините институции за рекциите на САД, ОБСЕ и ЕК за состојбата на медиумите во земјава и за забелешките за измените во законот за радиодифизна дејност ќе се отслика негативно на извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија, сметаат експертите.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ писмено побара од
Она што сега се предвидува и се носи во забрзана постапка ќе се отслика секако во извештајот на ЕУ, ова не е прв закон којшто не е целосно усогласен со европските норми, се сеќаваме на законот за дискриминација и одредбите во него, тоа значи уште една негативна слика за Македонија од страна на ЕУ.
претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да иницира ревизија на донесените измени во Законот за радиодифузна дејност. Неодамна, новоименуваниот американски амбасадор во Македонија, Пол Волерс, кој треба да дојде во Скопје, пред Сенатот изрази загриженост за состојбите во македонските медиуми.

Комуниколот Марко Трошановски смета дека токму носењето на еден важен закон за медиумите во забрзана постапка, ќе се отслика негативно во извештајот на ЕУ.

„Она што сега се превидува и се носи во забрзана постапка ќе се отслика секако во извештајот на ЕУ, ова не е прв закон кој што не е целосно усогласен со европските норми, се сеќаваме на законот за дискриминација и одредбите во него, тоа значи уште една негативна слика за Македонија од страна на ЕУ.“

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ.

Тој додава дека молкот на владините институции за реакциите е на штета на самата Влада.

„На долг рок тоа само негативно би наштетило на имиџот на владата која што е нереспонзивна на цивилното општество и секторите коишто ги регулира со законодавството. Значи ќе треба повторно да иницираме нови законски решенија што повторно ја одолговлекува целата работа.“

Професорот по медиумско право Снежана Трпевска вели дека во последните неколку извештаи на Европската Комисија се забележани
Европската Комисија, ОБСЕ и Советот на Европа во однос на овие прашање недвосмислено ќе ни стават до знаење дека не можеме да се доближиме кон европските процеси, ниту како демократска земја да напредуваме доколку ги доведуваме во прашање овие темелни
вредности.

серизни забелешки за случувањата во македонските медиуми.

„Прво реагираше ако се сеќавате, околу Јавниот сервис кога беше донесен законот за измени на законот за радиодифузија за да се реши, да се доведе во состојба на стечај јавниот сервис, тогаш Европската комисија сериозно реагираше. Второ, реагираше долго време во сите извештаи околу проблемот на финансирањето на јавниот сервис. Реагираше и околу државното рекламирање.“

Таа додава дека секоја забелшка на Европската Унија и ОБСЕ се однесува на темелните вредности на демократијата.

„Европската комисија, ОБСЕ и Советот на Европа во однос на овие прашање недвосмислено ќе ни стават до знаење дека не можеме да се доближиме кон европските процеси, ниту како демократска земја да напредуваме доколку ги доведуваме во прашање овие темелни вредности.“

Трпевска смета дека не може да се оди само со парцијални измени на законот за да се зголеми ефикасноста на Советот за радиодифузија за да се зборува за ефикасност.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG