Достапни линкови

Македонија го освојува косовскиот пазар


Приштина

Приштина

Државните органи да овозможат побрз транспорт на стока кон Косово, за да се искористи косовската забрана за увоз на производи од Србија, бараат бизнисмените.

Македонија ќе искористи од косовската забрана за увоз на производи од Србија и ќе го зголеми извозот кон Приштина. Сепак, вели претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, земјава пропушти шанса бенефитот да биде поголем. Тој бара од државните органи да ја имаат предвид новонастанатата ситуација и да овозможат побрз транспорт на стока кон Косово, без преголеми задржувања на граничните премини.

Косовските власти вчера соопштија дека забраниле увоз на производи од Србија и вовеле царина од 10 отсто за производите од Босна и Херцеговина, како одговор на блокадите што двете земји ги прават на
Ние немаме доволно наши производи бидејќи дел и ние увезуваме исто како што увезува Косово од Србија, истото и ние го увезуваме од Србија

извозот на стоки од Косово.

Според податоците од Државниот завод за статистика на Косово, оваа земја од Србија увезува производи за околу 20-25 милиони евра месечно, односно речиси 300 милиони евра годишно. Македонските фирми секако дека ќе пополнат дел од оваа празнина, вели Кучи.

„Ние немаме доволно наши производи бидејќи дел и ние увезуваме, исто како што увезува Косово од Србија, истото и ние го увезуваме од Србија.“

Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Кучи појаснува дека македонските бизнисмени се трудат да ја пополнат оваа празнина што ќе ја остават српските производи во Косово со производи увезени од Турција.

„Со жалење можеме да констатираме дека навистина нема да можеме во целост да ги покриеме нивните потреби од причини што нашите гранични премини се доста тесни и малубројни кон Косово.“

Кучи посочува дека косовските бизнисмени се жалат на големото задржување на граничните премени со Македонија. Власта треба да помогне транспортот кон Косово да оди побргу, вели тој.
Со жалење можеме да констатираме дека навистина нема да можеме во целост да ги покриеме нивните потреби од причини што нашите гранични премини се доста тесни и малубројни кон Косово.

„Токму на почетокот на месецот тие имаа еден застој на стока без притоа да им се каже каде е причината. Нивните шлепери беа два дена на нашиот граничен примин и тоа секогаш се случува петок-сабота-недела кога не можат да побараат објаснување, зошто тоа така се случува, а на овие топли времиња прехранбени производи да стојат во фрижидери не е убаво. Во овој правец е нашата скепса и тука сакаме нашите власти да ги анимираме за да бидат подготвени по овој основ.“

Косово е една од ретките земји со кои Македонија има позитивно салдо во трговската размена. Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена меѓу Македонија и Косово во првите пет месеци од годинава изнесува 197 милиони долари. Од ова, кон Косово се извезле производи во вредност од 182 милиони долари, а се увезуваат за 14 милиони долари.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG