Достапни линкови

logo-print

Вестервеле во ненајавена посета на Авганистан


Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле денеска пристигна во ненајавена посета на Авганистан. Предвидено е Вестервеле да се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Вестервеле одби да каже кога Германија ќе почне со повлекување на своите војници стационирани во северен Авганситан. Германија има 5.400 војници во земјата. Тој изјави дека не е многу умно да се каже кога и колку војници ќе бидат повлечени зошто веднаш ќе почне насилството во таа област. Германскиот парламент одобри 12-месечно продолжување на мисија во Авганистан во јануари.
XS
SM
MD
LG