Достапни линкови

Додека земјите од регионот ги завршуваат своите обврски и забрзано се движат кон Европа, Македонија стои во место.

По апсењето на Горан Хаџиќ, последниот осомничен за воени злосторства на територијата на поранешна Југославија, домашните експерти се песимисти во однос на македонската евроатланска перспектива. Нашите соговорници велат дека земјава стои во место, а одговорните немаат намера да ги исполнат потребните критериуми за
Првенствено е тоа што нашата политика во последниве неколку години сака и дали воопшто евроатлантските интеграции се врвен приоритет на власта, декларативно така е, меѓутоа во суштина воопшто не изгледа дека е така. Сите земји во регионот која повеќе, која помалку имаa одредени опструкции.

влез во европското семејство.

„Првенствено е тоа што нашата политика во последниве неколку години сака и дали воопшто евроатлантските интеграции се врвен приоритет на власта, декларативно така е, меѓутоа во суштина воопшто не изгледа дека е така. Сите земји во регионот која повеќе, која помалку имаa одредени опструкции“, вели универзитетскиот професор Никола Дујоски.

За Македонија, покрај предвидените реформи кои треба да се исполнат во целост, нерешениот спор за името со Грција останува главна пречка. Но, професорот Мерсел Биљали пак укажува на тоа дека и другите балкански земји со евроатлански аспирации имале комплицирани критериуми за придвижување кон Европската Унија, но сепак одговориле на предизвикот.

Прашање е дали евроатлантските интеграции се приоритет за власта, велат експертите

„Тадиќ е подготвен да жртвува дел од неговата кариера за интересите на државата да ја интегрира Србија во ЕУ. Да се предадат Хашките случаи тоа е велепредавство. Исто важи и за Хрватска, да се испорача Готовина на Хашкиот трибунал е велепредавство, но интересите на државата се над се.“

Кај нас, вели професорот Дујоски, европските интеграции се разбираат погрешно, а политичкото лидерство во земјава бара изговор во спорот со името.
Тадиќ е подготвен да жртвува дел од неговата кариера за интересите на државата да ја интегрира Србија во ЕУ. Да се предадат Хашките случаи тоа е велепредавство. Исто важи и за Хрватска, да се испорача Готовина на Хашкиот трибунал е велепредавство, но интересите на државата се над се.

„За жал политиката која и сега се води во Македонија не води кон решение на овој најважен спор во европските интеграции. Не сум сигурен и не сум уверен дека и во кратка иднина тоа ќе се промени, значи дека Македонија не само прашањето за името, тоа е едно, тоа е важно или тоа е да речеме изговор на одговорните за неуспехот во евроинтегрирањето, но прашањето за внатрешните реформи - тука Македонија заостанува.“

Пред околу два месеца, Србија го уапси најбараниот воен злосторник од поранешна Југославија, Ратко Младиќ. Во меѓувреме, почна и преговори со Косово, три години откако автономната покраина прогласи независност, која Србија не ја признава. На патот кон Европската Унија и Хрватска имаше пречки со својот сосед Словенија, но успеа да ги надмине. Подготвеност да биде полноправна членка на ЕУ и НАТО покажува и Црна Гора, која веќе ја доби поддршката од Соединетите Држави. Домашните експерти велат дека земјава треба да покаже поголема политичка волја и подготвеност да ги заврши задачите, кои треба да и го отворат патот кон евроатланските структури.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG