Достапни линкови

logo-print

Косор - Логично е Хрватска да бара екстрадиција на Хаџиќ


Српскиот претседател Борис Тадиќ и хрватската премиерка, Јадранска Косор во Смедерево на 1 април 2011 година.

Српскиот претседател Борис Тадиќ и хрватската премиерка, Јадранска Косор во Смедерево на 1 април 2011 година.

Хрватската премиерка, Јадранска Косор, изјави дека е логично Хрватска да побара да и биде предаден Горан Хаџиќ, ако се земе предвид фактот дека тој веќе има две пресуди во оваа земја, а против него е покренато уште едно обвинение.

„Факт е дека тој треба да му биде предаден на Хашкиот трибунал, но во консултации со Трибуналот, Обвинителството и хрватското Министерство за правда ќе видиме што е најреално“, рече Косор синоќа по владината седница, која ја свика веднаш по завршувањето на официјалната посета на Полска.

Хаџиќ беше осуден од Општинскиот суд во Осијек во 1999 година на осум години затвор за поттикнување на криминал, убиства, разурнување на католичка црква и минирање на несрпски куќи во Тен во 1991 и 1992 година, а во 1995 година Општинскиот суд во Шибеник го осуди на 20 години затвор поради напад во околината на градот.

Обвинителството во Вуковар покрена против Хаџиќ и уште 17 лица обвиненија за криминални активности во градот и за убистгвото на 1.292 лица од несрпска националност во Осијек, Вуковар, Винковци, Жупанија и Бјеловар во 1991 и 1992 година
XS
SM
MD
LG