Достапни линкови

Стабилноста на евро-зоната заштитена


Brussels, 21Jul2011

Brussels, 21Jul2011

Грција ќе добие 109 милијарди евра. Станува збор за важна мерка за спас на еврозоната

Лидерите на земјите од еврозоната на итниот самитот во Брисел се договорија дека Грција треба да добие втор пакет помош во вредност од 109 милијарди евра. Банките и приватниот сектор ќе придонесат со дополнителни 50 милијарди евра. Преседателот на Европската Унија Хераман Ван Ромпуј изјави дека лидерите на земјите членки на еврозоната докажаа дека ќе напрват се што епотребно за да ја заштитат валутата. Шефот на Европската Централната Банка Жан Клоуд Тришет го поздрави новиот потег како важна мерка за да се заштити стабилноста на еврозоната.


Лидерите од еврозоната синоќа во Брисел донесоa решение да се подготви инвестициски маршалов план за Грција, се наведува во предлог-договорот на 17-те шефови на држави и влади од земјите членки на еврозоната.
Во документoт се наведува дека планот треба да создаде услови за забрзување на темпото на пораст на грчката економија, кое ќе и помогне на земјата да излезе од финансиската криза.

Лидерите донеле одлука да го намалат од 4,5 на 3,5 процентот на каматата за кредитите, одобрени на Грција од Европскиот фонд за финансиска стабилност, што ќе овозможи намалување на должничкиот проблем на Атина.
Рокот за отпуштање кредити од Европскиот фонд за финансиска стабилност на Грција и други загрозени земји, како Ирска и Португалија, ќе биде продолжен од 7,5 години на минимум 15 години, според предлог-договорот.

Што му претходеше на договорот

Најголемите играчи во евро-зоната, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози се сретнаа уште претходно во Берлин за да разговараат за пакетот помош од 115
Никој не треба да има илузии. Ситуацијата е многу сериозна. Се бара одговор, инаку негативните последици ќе се почуствуваат насекаде во Европа па и подалеку.

милијарди евра за Грција. По 7-часовни разговори тие синоќа постигнале согласност должничката евро-криза од Грција да не се прошири во голема европска банкарска криза со што кризата веднаш би ги погодила и Италија и Шпанија.

„Со оваа програма, ние сакаме да го допреме проблемот во неговата основа. Тоа значи дека долгот мора да се надмине и да се зголеми конкурентноста. Тоа се двата проблема со кои се соочуваат некои земји во ЕУ“

изјави канцеларот Ангела Меркел денеска во Брисел.
Пред денешната средба во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, пак изјави:

„Никој не треба да има илузии. Ситуацијата е многу сериозна. Се бара одговор, инаку негативните последици ќе се почуствуваат насекаде во Европа па и подалеку.“

Експертиза на Стиглиц

„Спасување на еврото не е само прашање на солидарност и добротворни цели, тоа е прашање на интерес“, меѓу другото, напиша Џозеф Стиглиц, добитник на Нобеловата награда за економија и професор на Универзитетот Колумбија во коментарот за „Интернејшнал Хералд Трибјун“.

Токму затоа, на оваа итна средба на европските лидери во Брисел, на која се преговара за новиот финансиски пакет помош за Грција, се гледа како на многу важна за иднината на еврото.

„Ако продолжи начинот на кој тие во изминатите 18 месеци од кризата се однесуваа, ’заразата‘ е речиси неизбежна“, смета Џозеф Стиглиц.


Проблеми се случуваат на периферијата на Унијата. Италија, според него, исто така е пред економска катастрофа. Потресена е и Шпанија но, според текстот на Стиглиц за Хералд Трибјун, речиси е сигурно дека и други земји ќе бидат погодени од кризата во наредните месеци.

Што треба да направите е добро познато, пишува нобеловецот Стиглиц - европско издавање на обврзници, воспоставување пониска каматна стапка за кредити и сето тоа во комбинација со стратегија за раст.
Ако продолжи начинот на кој тие во изминатите 18 месеци од кризата се однесуваа, ’заразата‘ е речиси неизбежна.

Како и во САД, има недостаток на приходи, едноставно затоа што економијата е во лоша форма.

За Грција, Шпанија и за други земји, воспоставување на фискалниот ред, е многу поважно од сите мерки за штедење и приказните во нивните парламенти.

Потребни се реформи, а тие може да потраат, и за тоа е глупаво да се мисли дека нивните резултати ќе се видат во скоро време, и секако дека е нереално да се верува дека за кратко време ќе го оживеат пазарот на обврзници.


Европа и остатокот од светот, вклучително и САД, треба да разберат дека станува збор за глобалната економија и за светскиот мир и безбедност, апелира професорот на Универзитетот Колумбија Џозеф Стиглиц, во коментарот за „Интернејшнал Хералд Трибјун“.

Последните податоци за вработување во САД покажуваат колку е кревко обновувањето на локалната економија.

САД се надеваа дека излезот од кризата ќе биде преку извозот, но како, кога и нивните најзначајни трговски партнери во Европа се во криза. Доларот имено се зајакнува кога еврото слабее така што малку е веројатно дека тоа ќе се случи.

Политичките влогови од друга страна се високи. Светот беше воодушевен со демократските будење на Блискиот Исток, транзицијата кон пазарна економија во Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз. Но сето ова се уште е далеку од она што се очекуваше.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG