Достапни линкови

Грчките таксисти ќе продолжат да штрајкуваат


Грчките таксисти ќе продолжат да штрајкуваат на неопределено време. Ваквата одлука на таксистите е поради неуспешните преговори меѓу нивниот синдикат и грчкиот министер за транспорт Јанис Рагусис. Ефримис Либеропулос од синдикатот изјави дека министерот ги отфрли нивните предлози.
По неуспехот на преговорите дојде и до судири меѓу полициските сили и неколкуте стотици такисти кои се собраа на протест пред зградата на Министерството за транспорт во Атина.
Таксистите протестираат против предложените измени на условите за издавање лиценца.
XS
SM
MD
LG