Достапни линкови

Св. Наум, магнет за туристите


Се побројни туристите кои го посетуваат манастирскиот комплекс Св. Наум и изворите на Црн Дрим
Се побројни туристите кои го посетуваат манастирскиот комплекс Св. Наум и изворите на Црн Дрим

Манастирскиот комплекс Свети Наум и изворите на Црн Дрим, природен и духовен рај кој со своите убавини ги плени туристите.

На 30 километри јужно од Охрид, на самата граница со Албанија, се наоѓа манастирскиот комплекс Свети Наум, кој со Охридското Езеро и изворите на Црн Дрим е едно од најубавите места, што како природен и духовен рај е магнет за туристите. Во период на летни горештини со високи температури, Свети Наум е едно од најсвежите и најпријатни
Одамна уште на почетокот мојот дедо се занимавал со возење на туристи, тоа оди наследно, потоа брат ми, па сега јас им помагам на туристите да ја доловат хармонијата на оваа природа. Обично една тура која трае 35 минути и гостите ја доловуваат атмосферата и амбиентот на оваа нечепната природа, којашто е заштитена од националниот парк "Галичица" и УНЕСКО

места во земјава каде спас бараат Охриѓани, домашните гости и странските туристи, кои индивидуално и организирано со автомобили, автобуси и бродови секојдневно во голем број се слеваат кон манастирот, кој е еден од најпознатите и најпосетени на Балканот.

Откако ќе запалат свеќа за здравје и "Ум" и ќе се помолат на гробот на светителот, ќе ја слушнат приказната за биењето на неговото срце и ќе ги видат неговите чуда, ќе се сликаат пред црквата стара 11 века, со поглед кон езерската шир, Охрид и Албанија, гостите не пропуштаат да го посетат островото во изворите на Црн Дрим, каде под природните сенки секогаш е студено, реновираниот угостителски комплекс нуди вкусна храна и добра услуга, а вистинска атракција е возењето со кајчиња по изворите, каде без шум на мотор, ќе ги слушнете информациите и легендите за настанувањето на Охридското Езеро и манастирот.

Во природните убавини и ладовини, „спас“ бараат и се повеќе охриѓани

„Одамна уште на почетокот мојот дедо се занимавал со возење на туристи, тоа оди наследно, потоа брат ми, па сега јас им помагам на туристите да ја доловат хармонијата на оваа природа. Обично една тура која трае 35 минути и гостите ја доловуваат атмосферата и амбиентот на оваа нечепната природа, којашто е заштитена од националниот парк "Галичица" и УНЕСКО. Најкаракретистично е што овие извори, оваа вода претставуваат мајката на Охридското Езеро, затоа што капацитетот на водата што се влева во езерото е од 6,5 до 10 метри кубни во секунда, или тоа 6,5 до 10 тона вода, како најглавен и најак интензитет на вода што се влева, затоа кажувам мајката на Охридското Езеро. Максимална
Голема е заинтересираностa за седумте кајчиња, со кои дневно од 250 до 300 туристи ги обиколуваат изворите
длабочина во изворите е 3,5 метри, процечната длабочина е 1,5 метар, а температурата на водата секогаш, во сите годишни времиња е од 9 до 10 степени, така да во летниот период кога времето е доста топло, птошетката низ изворите на Црн Дрим е вистинска релаксација и освежување“, вели Кирил Ристески, кој од мали нозе ги вози посетителите во Свети Наумските извори со веслање на лиценцираните кајчиња.

Во зимскиот период, алгите во изворите се црни, од каде потекнува и името Црн Дрим, во лето тие се зелено-жолти, а во јуни тие се со ретко убавата виолетова боја, што заедно со подводните извори кои од песочното дно пуштаат меурчиња, на сред бујното зеленило што наликува на Амазон, речната пастрмка и ретките птици, како и подводната украсена елка од нуркачите за Нова Година, се најфотографирани од посетителите.


„Во летен период покрај домашните има и доста странски туристи, како оние од Србија, Бугарија, Црна Гора, од Холандија, Турција, Финска и годинава доста од Полска. Тие се организираните групи кои доаѓаат преку туристичките агенции, а индивидуалните гости ги има од целиот свет. Голема е заинтересираностa за седумте кајчиња, со кои дневно од 250 до 300 туристи ги обиколуваат изворите“, вели Ристески.

Tој со останатите кајчари со дозволата од Охридската капетанија и Националниот парк Галичица преку курс се обучени за турите низ изворите, на кои им се исполнуваат сите желби на гостите.

„Има луѓе кои сакаат да се возат во друштво, некои сами сакаат да уживаат, имаме посетители кои сакаат додека се возат со едно кајче, да ги придружува друго со оркестар со традиционална Македонска, но и класична музика, а се случило и запросување во кајче, кога едно момче ја побара својата девојка за сопруга, што беше доста романтично“, раскажува Кирил Ристески.

Заедно со неговиот брат Благоја, тој управува со ресторанот "Острово", каде заедно со комплексот Свети Наум и изворите на Црн Дрим секојдневно уживаат голем број туристи на ривиерата, кои не го заобиколуваат овој прекрасен локалитет, кој заслужува и подобар третман од државата што треба да изгради подобар пристапен пат и да ги уреди околните површини.
XS
SM
MD
LG