Достапни линкови

Косово ќе почне со издавање биометриски пасоши


На почетокот на август ќе бидат издадени првите биометриски пасоши во Косово, соопшти косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи. Косовските медиуими оценуваат дека биометриските пасоши се првиот знaк за либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово.
Неодамна во Приштина министерот Реџепи се сретна со известувачот за Косово во Европскиот парламент, Урлике Луначек , на која станало збор и за укинување на визите за косовските граѓани.
Луначек посебно се интересирала околу исполнувањето на условите за визна либерализација, со посебен акцент на реадмисија и реинтеграција на косовски граѓани.
XS
SM
MD
LG