Достапни линкови

Косово воведе ембарго за увоз од Србија


Граница меѓу Србија и Косово

Граница меѓу Србија и Косово

Владата на Косово денеска одлучи на основа на реципроцитет да воспостави ембарго на увоз на стока од Србија. Тоа е затоа што Србија не го признава печатот на косовската царина а тоа оневозможува извоз од Косово во Србија, соопштуваат од владата во Приштина. Мерки за увоз се воведени и кон Босна и Херцеговина , така што сега царинската такса за стока увезена од таму, ќе изнесува 10 проценти. Мерките стапуваат на сила од денеска.
XS
SM
MD
LG