Достапни линкови

logo-print

Новинарските откази, незаконски


Од неодамнешните протести на новинарите.

Од неодамнешните протести на новинарите.

Трудовиот инспекторат ги отфрли како неосновани отказите на петтемина новинари од Утрински весник.

Трудовиот инспекторат ги отфрли како неосновани отказите на петтемина новинари од Утрински весник, под образложение дека работодавачот не го почитувал отказниот рок и го прекршил законот за работни односи. Самостојниот синдикат за новинари и медиумски работници, ја поздрави одлуката на овој орган.
Одлуката на Трудовиот инспекторат е голема порака на оптимизам и охрабрување дека во оваа земја постојат институции и постојат закони и тие се почитуваат.

„Одлуката на Трудовиот инспекторат е голема порака на оптимизам и охрабрување дека во оваа земја постојат институции и постојат закони и тие се почитуваат“, изјави претседателката на Синдикатот, Тамара Чаусидис.

Малодушноста мора да престане да биде заштитен знак на новинарската професија, порача Чаусидис, додавајќи дека мора да се почитуваат законот и правните процедури.

За новинарите на Утрински весник кои беа избркани преку ноќ, ова е морална победа

Првиот човек на здружението на новинари, Насер Селмани, им честита на свооте колеги за храброста да се спротистават на незаконското отпуштање од работа.

„Ова покажува дека вреди да се бориме и има ефект. Ова е првиот ефект и
Ова е голема одлука за нас, бидејќи ова е одлука на државен орган, тој констатирал дека отказите се незаконски. Стои во формулацијата, му наредуваат на работодавецот да не врати на работа. Ние не бараме сожалување. Бев избркана бидејќи гласно зборував за протестот.

таа битка која е почната мора да продолжи, но ќе продолжи ако сме обединети и ако поставиме јасни цели и ако имаме јасни методи за тоа како ќе ги оствариме тие цели.“

По одлуката на државниот инспекторат за труд, работодавачот има право на приговор, кој потоа го разгледува второстепена владина комисија. Независно од тоа каква ќе биде разрешницата, за новинарите кои беа избркани преку ноќ, ова е морална победа. Својата битка тие сепак ќе ја продолжат во суд.

„Ова е голема одлука за нас, бидејќи ова е одлука на државен орган, тој констатирал дека отказите се незаконски. Стои во формулацијата, му наредуваат на работодавецот да не врати на работа. Ние не бараме сожалување. Бев избркана бидејќи гласно зборував за протестот“, изјави Оливера Војноска, една од избрканите новинарки во Утрински весник.

Денешното решение е извршно, но мора да се испочитува законскиот рок за приговор на работодавачот. Новинарите не ја исклучуваат ниту можноста, доколку се вратат на работа, да им бидат врачани нови отказни решенија со право на отказен рок. Но, искрено се надеваат дека правдата ќе биде на нивна страна.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG