Достапни линкови

Реконструкција на кумановската болница


Општата болница во Куманово.

Општата болница во Куманово.

Реконструкцијата на Општата болница во Куманово е при крај. За реновирањето на болницата беа одвоени околу еден милион евра.

Реконструкција и реновирање на болничките одделенија, покривот, водоводната и електричната инсталација, подобрување на условите за пациентите и на вработените, како и можности за нови вработувања, се новините предвидени со проектот на Владата и на Министерството за здравствство за Општата болница во Куманово. Активностите привршуваат, а со тоа таа ќе ги исполни условите да прерасне во современ и модерен регионален здравствен центар во кој здравствените услуги ќе ги добиваат околу 200 илјади граѓани од општините во
Така, Куманово ќе има поквалитетна здравствена грижа.

североисточниот регион.

„Некои згради се во завршни фази. Останатите односно главната зграда ќе започне на 1-ви септември годинава. До сега се завршени Одделенијата за нервни и психијатриски болести. На Инфективното одделение исто така во завршна фаза се работите. Ушното и Очното одделение се во завршна фаза, се чека само на молерските работи. За две-три недели ќе бидат завршени и болничките простории кои ќе ги пуштиме во работа“, вели директорот на болницата, Ариф Љатифи.

Ариф Љатифи, директор на болницата

Во таа зграда има и нова операциона сала која е направена по сите светски стандарди, вели Љатифи.

„Така, Куманово ќе има поквалитетна здравствена грижа. Од другите објекти, во административната зграда се започнати градежните работи, фасадата, кровот и таа набргу ќе биде завршена. На Главната зграда од 1 септември годинава ќе започнат активностите и тоа од болничките соби, фасадата, прозорците, вратите, електричната, водоводната и канализационата мрежа со која имавме проблеми во изминатиот период. Мислам дека нашата болница ќе заличи на она што заслужуваат нашите пациенти.“

И санитарните јазли ќе бидат како во модерните европски болници, вели Љатифи.
Проектот ќе биде завршен како што е планирано. Во болницата за реконструкција и за реновирање се вложени околу еден милион евра и исто толку и за набавување на апаратура.

„Мислам дека последните 20-30 години немало таква реконструкција. Јас ветував дека ќе се заложам како директор таа да биде една од водечките болници во Македонија и тогаш покрај модерната апаратура реков дека ќе се залагам и болничките простории да бидат модерни и соодветни за нашите пациенти. Исто така и за нови вработувања, нови лекари кои веќе се ангажирани, мислам дека ќе добиеме одобрение да бидат вработени.“

Активностите започнаа минатата година, а беше ветено дека за 13 месеци ќе биде завршено.

„Проектот ќе биде завршен како што е планирано. Во болницата за реконструкција и за реновирање се вложени околу еден милион евра и исто толку и за набавување на апаратура.“

Со два милиона евра се очекува кумановската Општа болница да добие нов лик каков што заслужуваат и пациентите и вработените во неа. На овие зафати се чекаше долги години.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG