Достапни линкови

Судир на полицијата и таксистите во Атина


Сцена од претходните протести во Атина

Сцена од претходните протести во Атина

Полицијата во Атина со солзавец ги растеруваше насобраните таксисти кои штрајкуваат во центарот на градот, откако почнале да фрлаат со камење кон полицијата. Нередите избија откако пропаднаа денешните преговори помеѓу преставниците на синдикатот на такситите и министерот за сообраќај за да се прекине тридневниот штрајк. Таксиситите протестираат поради промените за добивање на лиценци за работа. Промените ќе им овозможат на новите таксисти по пониски цени да влезат во тој бизнис.
XS
SM
MD
LG