Достапни линкови

Најмалку 13 луѓе загинале во земјотрес во Узбекистан


Штети од земјотресот

Штети од земјотресот

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 90 се повредени во земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер , кој го погоди узбекистанскиот регион на границата со Киргистан. Најголемиот број од жртвите живееле во стари згради во долината Фергана.
Земјотресот бил почувствуван во Киргистан, во Казахстан и во главниот град на Узбекистан , Ташкент. Киргистан досега не пријави жртви, но локалните власти велат дека 11 села во регионот Баткен се без електрична енергија.
XS
SM
MD
LG