Достапни линкови

Ромпуј, Ештон и Дел Понте го поздравија апсењето на Хаџиќ


Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј 

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј 

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон го поздравија апсењето на Горан Хаџиќ, оценувајќи дека станува збор за „уште еден важен чекор во остварувањето на европската перспектива на Србија“.
ЕУ го поздравува апсењето на Хаџиќ кое го спроведоа српските власти. Станува збор за уште еден важен чекор за Србија кон остварување на нејзината европска перспектива и подеднакво важен чекор за меѓународната правда, се наведува во заедничкото соопштение на Ромпуј и Ештон.
Двајцата европски дипломати истакнаа дека „српската нација е во процес на соочување со минатото и вртење страница кон подобра европска иднина“.
Поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте оцени дека апсењето на Хаџиќ е голем успех за српските власти, кој ќе го забрза патот на Србија кон ЕУ.
„Српската Влада со ова направи огромен чекор напред за демократска и мирна иднина на земјата. Тоа е од големо политичко значење“,вели Дел Понте.
XS
SM
MD
LG