Достапни линкови

Меркел: Премногу високи очекување за решавање на кризата во Грција


Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел во пресрет на утрешниот самит на лидерите од еврозоната во Брисел, посветен на вториот пакет за спасување на финансиски загрозената Грција, предупреди дека постојат премногу високи очекувања. Европските пазари бараат втор договор т.н. беил-аут, односно отпишување на дел од долговите на Грција, со цел да се спречи прелевањето на должничката криза во Шпанија и Италија, Меркел тврди дека никаков спектакуларен договор нема да ја извлече Грција од финасиската криза во која западна.
Во текот на денов се очекува средба на францускиот председател Никола Саркози со Меркел во Берлин, за да се извршат последните консултации и подготовки за утрешниот самит.
XS
SM
MD
LG