Достапни линкови

Клинтон-Индија да биде „поагресивна“ во Азија


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска повика Индија поагресивно да настапува во Азија, затоа што раководството на земјата „има потенцијал позитивно да ја обликува иднината на Азискиот дел од Пацификот". Клинтон денеска го посети југоисточниот индиски пристанишен град Мадрас, каде во последно време има многу американски инвестиции. Таа изјави дека Индија, исто така, може да помогне во промоцијата на трговските врски во Јужна Азија, што ќе помогне да се донесат просперитет и мир во Индија, Пакистан и Авганистан.
По Индија, Клинтон треба да ги посети Индонезија, Хонг Конг и јужна Кина.
XS
SM
MD
LG