Достапни линкови

logo-print

СЗО повика да се прекине со тестирање на крвта за туберкулоза


Светската здравствена организација денеска повика да се запре практиката преку тестови на крвта да се открива активна туберкулоза, бидејќи тестовите се погрешни и доведуваат до тоа животите на милиони луѓе да се изложени на ризик. Здравствената агенција на ОН соопштува дека тестовите ги прозиведуваат компании од западните земји а се наменети претежно за земјите во развој, и тестовите обично се позитивни бидејќи ретко кој може да ги помине стандардите во развиените земји. Туберкулозата е заразна бактериска болест која најчесто влијае на белите дробови. Таа може да биде смртоносна, ако не се лекува, но може и да се надмине со шест месечна терапија со антибиотици
XS
SM
MD
LG