Достапни линкови

Одговорност за случајот „УБК“?


Сашо Мијалков, актуелен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање

Сашо Мијалков, актуелен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање

Ќе се бара ли одговорност поради неподнесувањето на извештај од страна на УБК до Собранието?

Нема логично оправдување поради кое Управата за безбедност и контраразузнавање веќе неколку месеци ја игнорира собраниската комисија за надзор врз нејзината работата и не го доставува извештајот за сработеното минатата година. Иако опозицијата овбини дека со ваквиот однос е кривично дело, експертите велат дека одговорноста е политичка.
Претседателот на Балканскиот форум за безбедност, Благоја Марковски
Тие можат да побараат преку расправа во Собранието да се разгледува одговорноста на директорот кој недоставил таков извештај. Собранието врз основа на таа расправа може да донесе препораки до премиерот за смена на директорот во оваа Дирекција.

потсетува дека доставувањето на извештајот е законска обврска на Управата и укажува кои можат да бидат последиците од недоставувањето на извештајот.

„Тие можат да побараат преку расправа во Собранието да се разгледува одговорноста на директорот кој недоставил таков извештај. Собранието врз основа на таа расправа може да донесе препораки до премиерот за смена на директорот во оваа Дирекција.“

Не сакам да помислам дека со ваквиот однос, тајната полиција и оние кои раководат со неа, покажуваат политичка моќ. Тие се должни да го спроведуваат законот, вели професорот Фејзула Шабани. Имајќи го предвид политичкото секојдневие, и досегашното искуство, тој се сомнева дека во скоро време собраниската комисија ќе го добие бараниот извештај.

Рокот за поднесување на годишен извештај на УБК до Собранието сега е пролонгиран до 29 јули

„Значи во текот на овие десет дена ние очекуваме нова влада, после тоа Собранието ќе оди на одмор и тоа веќе е политичко тактизирање во таа насока. Има работи кои што се строго доверливи за владата или поточно речено за државата, кои не треба да бидат за јавноста.“

Независно од тоа кој ќе ја понесе одговорноста за таквото однесување на Управата за безбедност и контраразузнавање, експертите посочуваат дека вистинска контрола врз
Значи во текот на овие десет дена ние очекуваме нова влада, после тоа Собранието ќе оди на одмор и тоа веќе е политичко тактизирање во таа насока.
работата на тоа тело неможе да направи собраниската комисија за надзор. Тие укажуваат на тоа дека контролата треба да ја вршат стручни лица, кои дури и доколку утврдат некаква неправилност тоа треба да го дебатираат на затворени, а не на јавни седници.

„Тие можат да имаат увид во доста големи работи да кажам во сверата на безбедноста и материјали и информации кои ги содржат и тајност на ниво на државна тајна“, изјави Марковски.

Рокот за доставување на извештјот сега е пролонгиран за 29 јули. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ неколкупати се обидоа да ја одложат работата на комисијата, а опозицијата во тоа виде обид за опструкција, со цел како што рекоа јавноста да не дознае за работата на Мијалков.
Работата на Управата и порано предизвикуваше жестоки реакции во јавноста. На пример, спектакуларниот годишен буџет од 25 милиони евра во 2008 година за овој орган, отвори многу прашања околу начинот на кој се трошат парите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG