Достапни линкови

Нереално намалување на невработеноста?


Според економистите, прочистувањето на списоците од страна на Агенцијата за вработување, не може да се смета за реално намалување на невработеноста.

Чешлањето на списоците на невработени и бришење на оние лица кои фигурираат како сопственици на фирми, или оние кои закасниле со пријавување во Завод не претставува реално намалување на стапката на невработеност во државатва, коментираат упатените. Државниот завод за статистика соопшти намалување на невработеноста откако Агенцијата за
Јас мислам дека трите сектора коишто креираат работни места, странските директни инвестиции, зголемување на извозот и индустриското производство коишто апсорбираат најголем процент на нововработени, на работна сила, мислам дека тука нема некој подраматичен пораст во овие три сектори.

вработување ги прочисти списоците, потег кој дел од медиумите го интерпретираа како фиктивно намалување на стапката на невработеност.

Нема индикатори во реалната економија кој би придонеле кон вистинско намалување на невработеноста, вели економскиот аналитичар Висар Адеми:

„Јас мислам дека трите сектора коишто креираат работни места, странските директни инвестиции, зголемување на извозот и индустриското производство коишто апсорбираат најголем процент на нововработени, на работна сила, мислам дека тука нема некој подраматичен пораст во овие три сектори.“

Можно е административни процедури да придонеле кон промената во статистичките проценки, вели Адеми:

Фабрика - Прилеп

„Тоа што сега зема замав, а тоа е сите невработени, потенцијално невработени млади луѓе да продолжуваат со високо образование или да продолжуваат со она што се нарекува задолжително средно образование.“

Официјално, за затворање на фирмата се потртебни од 40 до 45 дена и 500 денари. Отворањето на фирма е побрзо - потребни се четири часа. Стопанственицитесе жалат дека процедурата за затворање на фирмата, било со ликвидација или стечај, е комплицирана работа. Зад микрофон тврдат дека за 5-6 месеци од покревање на постапката за затворање мора да се плаќаат давачки кон државата а за стечајна постапка потребно е назначување на стечаен управник кој би имал минимална плата од 20 со 60.000 денари месечно. Велат полесно е фирмата да постои, макар работела и без приходи.

Тие фактички ги бришат од Агенцијата и тоа е тоа наводно „намалување“ на невработеноста.
Ако земате плата, дел од Вашите пари одат во државната каса во форма на таканаречен придонес за надомест во случај на невработеност. Од тука и прашањето дали државата може да Ви го скрати надоместокот за невработеност ако сте шворц а само на хартија фигурирате како основач на фирма? Власта неправилно го интерпретира законот, вели правникот Драге Јовановски.

„Наоѓа практично разни варијанти само за да не даде паричен надомест. Познато е правилото во Европа, во ЕУ дека секој оној што не земал легитимно преку трансакциска сметка пари, дека му следува надомест од државата, односно од Агенцијата за вработување.“

Веројатно е дека падот на невработеноста е само на хартија, вели Јовановски и дополнува:

„Тие фактички ги бришат од Агенцијата и тоа е тоа наводно „намалување“ на невработеноста.“

Инаку статистика објави намалување на невработеноста за речиси пет проценти во првиот квартал годинава.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG