Достапни линкови

logo-print

Уапсен Горан Хаџиќ


Горан Хаџиќ - 1991-ва година

Горан Хаџиќ - 1991-ва година

Горан Хаџиќ, обвинет за воени злосторства од Хашкиот трибунал, е уапсен, јавија медиумите во Србија, За денеска во 11 часот е закажана прес-конференција на српскиот претседател Борис Тадиќ.

Горан Хаџиќ беше клучна фигура во војната во Хрватска во 90-тите години, односно во тогашната Српска Краина во Хрватска. Хаџиќ е обвинет за убиство на стотици Хрвати и за депортација на илјадници луѓе. По апсењето на Ратко Младиќ, Горан Хаџиќ беше последниот крупен воен злосторник кој се уште не беше пронајден. Европската унија и вети прогрес на Србија на патот кон интеграцијата во Унијата доколку ги упаси Младиќ и Хаџиќ.
XS
SM
MD
LG