Достапни линкови

Знак за „кукавичлук“ е повлекувањето на наградата за Путин


Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска ја критикуваше одлуката да се откаже доделувањето на германска награда на премиер Владимир Путин. Медведев тоа го опиша како знак на „кукавичлук." Фондацијата која ја доделува наградата Квадрига претходно овој месец избра да му ја додели наградата на Путин. Но по многубројните критики, организаторите во саботата ја откажаа церемонијата за оваа година. Медведев својот став и го изнесе и на германската канцеларка Ангела Меркел на средбата во Хановер.
XS
SM
MD
LG