Достапни линкови

Медведев-можен компромис меѓу властите и бунтовниците во Либија


Медведев и Меркел во Хановер

Медведев и Меркел во Хановер

Можен е компромис меѓу либиската влада и бунтовниците, изјави рускиот претседател Дмитриј Медведев. Говорејќи на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Хановер, Медведев изјави дека е лошо за Либија, тоа што некои земји подржуваат една од страните во конфликтот. Москва го обвинува НАТО за толкувањето на Резолуцијата на ОН донесена пред три месеци, односно за тоа дека тие сметаат дека со воена интервенција треба да се заштитат цивилите во Либија. Претходно, американскиот Стејт департментот потврди дека американски официјални лица имале средба со претставници на либискиот лидер Моамер Гадафи за да му ја пренесат пораката дека мора да си оди од власт. Во петокот, САД и уште 30 други земји го признаа Националниот Преоден Совет формирана од страна на бунтовниците за легитимен преставник на Либија.
XS
SM
MD
LG