Достапни линкови

Пронајдени украдените боеви глави од воз во Романија


Пронајдени се боевите глави кои пред два дена беа украдени од еден товарен воз,кој превезуваше воена опрема од Романија во Бугарија, соопшти романското обвинителство. Украдените 64 боеви глави, се пронајдени во едно село северно од Букурешт. Под истрага се наоѓаат 15 луѓе, но други детали обвинителството засега не соопштува. Романскиот министер за внатрешни работи Маријуш Милитару претходно објасни дека боевите глави сами по себе не се опасни, туку дека тоа е случај дури откако ќе станат составен дел од ракета.
XS
SM
MD
LG