Достапни линкови

Балтичките држави ја критикуваат Австрија


Човек држи постер на Михаил Голованов

Човек држи постер на Михаил Голованов

Балтичките држави Литванија, Латвија и Естонија денеска ја критикуваа Австрија, затоа што го ослободи обвинетиот за терористички напади во 1991 во Литванија. Нападот беше советско казнување за литванската независност. Вчера Литванија го отповика својот амбасадор во Виена. ,откако австриските власти го ослободија поранешниот КГБ агент Михаил Голованов, 24 часа откако беше уапсен. Тој е осомничен дека учествувал во нападите врз телевизиска зграда во Вилнус во 1991, при што загинаа 14 луѓе а стотици беа повредени. Министрите за надворешни работи на Балтичките земји упатија писмо до ЕУ, во кое протестираат за ослободувањето на Голованов. Доколку биде осуден во Литванија , тој се соочува со доживотен затвор.
XS
SM
MD
LG